Вести Македонија Топ вести

Локализиран пожарот во Кумлак, спасен сопственик на зафатена викендица

Со изгореници по екстремитетите и вдишан чад сопственик на викендица во штипската населба Кумлак заврши во болница. Сакајќи да го изгасне огнот од кровот на објектот за малку ќе и настрадал, го спасиле пожарникарите и доброволците, кои попладнево интервенираа на новиот пожар во оваа населба, кој се закануваше на 15 викенд куќи и триесетина лозови и овошни насади.

„Спасен е човекот не е во животозагрожувачка состојба и најодговорно тврдам и јас и луѓето што бевме таму на лице место дека пожарот денес е подметнат на еден километар под вилата на самиот човек на кого првата куќа е зафатена“, изјави Александар Горгиевски, пожарникар, ТППЕ-Штип.

Во посета на повредниот штипајнец беа директорот на ДЗС и штипскиот градоначалник, кои информираа дека денешниот пожар е изгаснат по брзата интервенција и од земја и од воздух.

„Еден ертрактор веднаш полета и беше еден од оние коишто помогнаа, но сепак пожарникарите коишто на земја пожртвувани храбро се бореа го имаа клучниот момент за успех да се изгасне овој пожар. Можам да ве информирам дека денес се вратени и другите два ертрактори од сервис. Така што во овој момент имаме три оперативни ертктори, четири пилоти и ние сме подготвени за сезоната на пожари“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС. 

Пожарникарите ќе останат на терен оваа вечер во викенд населбата Кумлак, со цел повторно да не се актива пожарот, кој според очевидци е подметнат, а вчерашниот кој зафати ридови над Штип со сува трева и грмушки е предизвикан од удар од гром.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Законите за игри на среќа и против пушењето поминаа во прво читање – следува уште една расправа

Tea Dimkovska

Мирниот Капиштец претворен во модерна џунгла, жителите на протест

Tea Dimkovska

Централизација на градежна инспекција, видео мониторинг на градилишта и задолжителен депозит од инвеститорите најави Ѓорѓиевски

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе