Четиринаесетмесечно бебе од Куманово е хоспитализирано во кумановската болница откако се затруло со средство за чистење.
Инцидентот се случил на 10 јуни, а детето било донесено во болница околу 20:14 часот.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека од Општата болница Куманово било пријавено оти детето било затруено по контакт со хемиско средство.
По пријавата, полициски службеници извршиле разговор со мајката и бил направен увид на местото на настанот.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот.
Засега нема официјални информации за здравствената состојба на бебето.
