Вести Македонија Топ вести

Од електрична инсталација изби пожар пред зграда во Кисела Вода, станарите во паника брзаа да излезат

Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот. Станарите се рабудиле од силниот звук по што панично ја напуштале зградата.  МВР информира дека настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли.

-Денеска (12.06.2026) околу 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли.  Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанувањето на пожарот и за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Станарите велат дека сега нема струја во зградата и бараат итно решение и истрага и целосно расчистување на случајот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Укрински напади, Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја

Kristina Kuzmanovski

Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, робот оперираше пациент со карцином на простата

Kristina Kuzmanovski

51 годишен прилепчанец и 42 годишна сопатничка починаа во сообраќајка Градско-Прилеп

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе