Вести Македонија Топ вести

Еден месец по несреќата во Кисела Вода, инспекторатот без конечна мерка

Постапката на трудовиот инспекторат за градилиштето во Кисела Вода, каде еден работник загина, а 4 беа повредени сѐ уште не е завршена, иако помина еден месец од несреќата.

Од Државниот инспекторатот за труд за Телма рекоа дека инспекциска мерка ќе биде ирзечена, откако ќе земат изјава од  уште еден работник кој по несреќата беше опериран  поради тешките повреди здобиени на градилиштето.

„Забраната за градежни активности сѐ уште е на сила но моментално на тоа градилиште се работи на подградување на темелната јама со поставување на шипови и бетонски платна, што претставува колективна заштита на вработените при идните дејствија“, рекоа од Државниот инспекторат за труд за Телма.

По изврешниот надзор, инспекторатите утврдиле дека на градилиштето немало соодветна заштита од нагло лизгање на земјиштето. Како основна причина за несреќата беа псоочени непреземени мерки за безбедност и здравје при работа  како и недостаток на заштита на темелната јама од обрушување на земјиштето.

Дозволата за изградба на станбено-деловниот објект на улицата „Козјак бр 4“ е правосилна од 9 март годинава. Ивзедувач на работите е „Компанија Јакимовски“ а инвеститотот „НАР Инвестмент“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе