Вести Македонија Топ вести

Отпадот не е ѓубре туку ресурс – Македонија е потребно да го забрза процесот рециклирање

Македонија мора да фати приклучок со државите во регионот и во ЕУ кога станува збор за управување со отпадот. Изградбата на регионалните центри за управување со отпад доцни и мора веднаш да се реализира за да може да почне отпадот да се користи како енергенс наместо како досега како уништувач на животна средина. Зајакнување на капацитетите на локалните комунални претпријатија е неопходно за да може да има ефикасно собирање на отпадот и сметот кој потоа би се преработувал во регионалните центри. Ова се дел од заклучоците на денешната дебата организирана од Македонската асоцијација за управување со отпад.

Како да се искористи отпадот и како да се направи нешто корисно од она што луѓето веќе го фрлиле и изградба на регионални центри за управување со отпад како дел од циркуларната економија се темите на денешната трибина „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“ организирана од Македонската асоцијација за управување со отпад.

Изградбата на регионалните центри за управување со отпад е императив, се доцни со години, државите во регионот се далеку пред Македонија но со брза изградба може да се фати чекор, сметаат од асоцијацијата. Средства од ЕУ и ЕБРД се обезбедени и за регионалните центри и за кадарот кој би работел и управувал со нив.

„Се менува веќе наративот, затоа што отпадот не е ѓубре, отпадот е ресурс, и бидејќи сме држава која нема многу природни ресурси во смисла на минерали тоа нас, тие материјали кои веќе се увезуваат во поголема мера, би било идеално да ги користиме како нови ресурси во нашата економија што е правилно во името на циркуларната економија и политика на нула отпад, односно на депониите да заврши само она што не може да се рециклира, компостира или она што не може да биде енергија за отпад“, вели Михаил Матевски, претседател на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.

Во моментов третманот на комуналниот отпад е најголемиот проблем во Македонија како и капацитетот на комуналните претпријатија.

„Она што се случува со индустријата во голема мера тие токови на отпад не се решаваат. Исто и она што го имаме како комерцијала и трговија, традиционални системи на отпадно пакување прилично добро функционира. Сепак сме најслаби од отпадот на граѓаните, од комуналниот отпад и тука секако капацитетите на јавните комунални претпријатија мора да се подигаат, но да се подигаат примарно во оперативниот дел“, додава Матевски. 

Систем кој конечно ќе стави крај на дивите депонии и застарениот третман на отпадот. Отпадот да се третира како ресурс а не како проблем одржлив и функционален систем кој ќе биде во координација со општините е клуч за успех кога станува збор за рециклирање на отпадот

„Во државата годишно се создаваат стотици илјади тони комунален отпад, додека стапката на селекција и рециклирање останува ниска. Да преминеме од модел на депонирање кон модел на циркуларна економија каде отпадот ќе се пребира како ресурс, а некако проблем“, посочи Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање.

Токму комуналниот отпад и неговото ефикасно собирање е еден од условите за успешен систем, покажа хрватскиот пример кој беше презентиран денес а според кој во Хрватска дури 99,9 отсто од отпадот завршува со депониите и регионалните центри бидејќи функционира системот кој се потпира на општините и комуналните претпријатија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Студентите во студентскиот дом во Охрид седум дена без топла вода – како решение им било понудено сите да користат една соба со туш

Tea Dimkovska

ЕУ со нон-пејпери се подготвува за проширување – Македонија заглавена на уставните измени

Дејан Дејан

Докази поврзани со агенцијата за обезбедување Рубикон, изведувани на денешното рочиште за ПУЛС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе