Вести Спорт Топ вести Фудбал

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар по скандалозната прослава на титулата

Фудбалската федерација на Македонија и официјално покрена дисциплинска постапка против фудбалскиот клуб Вардар поради недоличното однесување при прославата на шампионската титула, освоена во петокот.

Најтрофејниот македонски клуб ја осигура својата 12. шампионска титула со победа  на гостувањето кај Струга со 1-0 во претпоследното коло од сезоната. Наместо прославата да мине во спортски дух, „црвено-црните“ се најдоа во центарот на вниманието по снимките од угостителски објект, на кои фудбалерите, стручниот штаб и раководните лица пеат песни со навредлива содржина.

Осуди за инцидентот пристигна од повеќе страни, пред сè од Министерството за спорт и од Фудбалската федерација на Македонија. ФК Вардар сега се соочува со казна, откако случајот денеска и официјално се најде во билтенот на Дисциплинската комисија.

„Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот“, се вели во соопштението на Дисциплинската комисија при ФФМ.

Одлука околу евентуалната казна веројатно ќе има следната недела, откако ќе биде комплетирана сезоната. Во сабота, на 23 мај, Вардар ја пречекува Шкендија во последното коло по што ќе следува прослава на титулата во Градскиот парк во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти во август и во септември ќе се вклучат во работата на општините

Дејан Дејан

(Видео) Бизарна повреда на Хендерсон: Не играше против Мексико, а можеби го заврши Мундијалот

Sportska Redakcija

СДСМ: Игор Ивановски „Шема“, поради своите шеми, не го споменува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе