Концертот на француската и светска мега ѕвезда, Дејвид Гета во Скопје по повод Денот на независноста, а во рамки на неговата турнеја The Monolith, официјално е распродаден, објави Авалон Продукција на Фејсбук која се јавува како коорганизатор на музичкиот настан, заедно со владата.
„Официјално е распродаден целиот капацитет на арената „Тодор Проески“. Продадени се 50.000 влезници за помалку од 12 часа“, се наведува меѓудругото во објавата на Авалон продукција на Фејсбук.

Од Авалон и порака дека секој кој има купено влезница за настапот на Дејвид Гета ќе добие PDF со влезниците најдоцна до недела (17 мај).
С.Д.
