Компанијата продолжува да поставува нови стандарди во грижата за пациентите преку првиот КА-информативен центар во регионот, каде граѓаните можат бесплатно да добијат проверени информации и стручни консултации за производите на база на медицински канабис.
Годинава Реплек одбележува значаен јубилеј – 10 години од производството на производи на база на медицински канабис, потврдувајќи ја својата пионерска улога во развојот на оваа терапевтска област во земјата и регионот.
Како дел од оваа посветеност кон пациентите и нивната информираност, Реплек го отвори КА-информативниот центар – прв ваков центар во регионот, кој нуди бесплатни информативни и консултативни услуги за сите лица кои сакаат да се информираат за производите на база на медицински канабис и нивната примена.
Центарот е наменет за пациенти, членови на нивните семејства, како и за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да добијат стручни и релевантни информации од здравствен професионалец. Консултациите ги спроведува д-р Ирена Витановска, специјалист по семејна медицина, која има 10-годишно искуство во работа со производи на база на медицински канабис. Целта е посетителите да добијат доверливи информации, индивидуален пристап и одговори на прашањата поврзани со правилната примена на овие производи.

„Во КА-информативниот центар наша цел е на пациентите да им обезбедиме сигурни, точни и стручни информации, како и простор каде што ќе можат отворено да постават прашања и да добијат насоки поврзани со производите на база на медицински канабис. Верувам дека едукацијата и информираноста се важен дел од поддршката што им е потребна на пациентите и нивните семејства“, вели д-р Ирена Витановска, во гостувањето на утринската програма на Телма.
КА-информативниот центар има значајна улога во надминување на стереотипите поврзани со медицинскиот канабис и претставува точка на доверба меѓу компанијата, пациентите и стручната јавност.
Центарот се наоѓа во Скопје, спроти Рамстор Мол, а консултациите се закажуваат на телефон +389 71 348 856 или на e-mail: [email protected].
Портфолиото на Реплек во сегментот на медицински канабис опфаќа три групи производи: ЦБД масла, козметика со медицински канабис, како и производи со ЦБД и ТХЦ наменети како дополнителна терапија кај сериозни заболувања, секогаш употребувани во согласност со важечките регулаторни прописи.

По повод јубилејот од 10 години медицински канабис, Реплек продолжува да инвестира во развој на иновативни решенија, но и во активности што овозможуваат подобра информираност, поддршка и грижа за пациентите, поставувајќи нови стандарди во регионот. ( Пр текст)
