Уганда, по соседно Конго, потврди жариште на смртоносниот ебола вирус на сопствена територија, соопшти министерството за здравство на африканската земја.
Надлежното министерство прецизираше дека станува збор за сојот Бундибугјо.
Еден пациент починал од ебола на одделение за интензивна нега вчера, откако „развил хеморагични симптоми.
Министерството за здравство на Уганда појасни дека заразата е пренесена од ДР Конго.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
