Казна од 20 000 евра е изречена на фирмата чиј камион незаконски одлагаше отпад од градежен шут на локацијата „Купишта“
„При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад, информираат од Општина Аеродром.
„Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност“, посочуваат од општината.
Од општината апелираат до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции.
Снимка од камионот кој истоваруваше отпад во Нови Лисиче го објави градоначалникот на Аеродром Дејан Митевски.
