Расчистени се купиштата отпад, шут и покуќнина што беа расфрлени покрај контејнери на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром.
Душеци, фотелји, стари прозорци, сунѓери, стара гардероба, теписи, пластика, стакло, картонски кутии создадоа мини депонија, а граѓаните до редакцијата на telma.com.mk реагираа дека на посочената локација со години секој фрла што ќе стигне, но како што велат, „со години наназад никој не најде решение, ниту некој е казнет“.

По реакцијата на жителите за однесувањето на несовесните граѓани за фрлање на кабастиот отпад од јавното комунално претпријатие на Општина Аеродром ја расчистија мини депонијата.
