Вести Македонија

Паметни камери во справување со пожари

Целосната забраната за движење во шумите стартуваше пред два дена, а ќе важи до крајот на авуст. Причината е зголемената опасност од пожари и нивно превенирање.

Шумските пожари што ја зафатија Макеоднија, лани и во 2024 година година направија штета од околу 133 милиони евра. Огнот зафатил 79.000 хектари шума и шумско земјиште а регистрирани беа 428 пожари.

Дел од пожарите започнаа токму во близина на депониите, кои со години се критични точки. Во моментов на некои од најкритичните локации се поставени се околу 50 камери кои за неколку секунди детектираат чад или пламен.

При појава на пожар ни овозможува од оперативниот центар да ги раководиме ресурсите кои се справуваат со пожарот на лице место. Значи, од каде имаме пристапни патишта, каде треба да упатиме противпожарни возила, каде треба да заораме со одредени делови, каде треба да го пречекаме пожарот, вели Петре Наков раководител на оперативен центар во ЦУК.

Неодамнешниот пожар кај велешкото село Каратаци бил детектиран токму со помош од камерите.

Веднаш добивме слика, камерата го зумираше, го одработи своето и после тоа ние си ја отпочнавме нашата оперативна работа со тој пожар, додава наков

Системот ќе биде надграден и со звучен аларм кој ќе се активира веднаш по детектирањето на пожар.

Овие смарт камери многу добро се покажаа во некои држави од регионот, Грција, Бугарија, Хрватска. Во Хрвстска има 50 отсто помалку пожари од кога се поставени овие смарт камери, вели директорот на цук, мухамед али.

Но, камерите се поставени на депониите кои се под контрола, проблем и натаму се дивите депониии кои ги има насекаде низ државата а според податоците на Министерството за животна средина дури 30 проценти до отпадот завршува на овие депонии кои се потенцијална опасност и за здравјето но сериозна закана за пожари во летно време.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

Дејан Дејан

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 5.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе