Вести Македонија

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

При претрес на стан во Скопје пронајдени се над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други видови дрога, за што е поднесена кривична пријава против две лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 02/03 јули годинава извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки – информираат од МВР.

Лицата се задржани за понатамошна постапка, а од страна на ЕНТ до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава во итна постапка.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 5.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе