Целосно изгорена една куќа во пробиштипското село Бучиште, опожарени се неколку објекти, а огнените јазици зафатија овоштарници, лозја, пчеларници и неожнеани ниви со жито. Првичните проценки се дека штетите од вчерашниот пожар во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица се големи, а Општината во понеделник ќе прогласи и елементарна непогода за обештетување на граѓаните кои имаат штета.
Полицијата истражува како избувнал пожарот, а дојавата до пожарникарите е дека гори нива во селото Неокази.
Чистење на дворови, искрење на жици на електрични столбови, но и намерно подметнување на пожари се првичните индиции за трите пожари кои вчера попладнето избувнаа на тврдината Исар, кај селото Чардаклија и штипска Млекара. Ангелов апелираше граѓаните да не палат оган на отворено, без разлика дали станува збор за чистење дворови, палење стрништа, расчистување пасишта или подготовка на скара, бидејќи и најмала невнимателност може да предизвика пожар со катастрофални последици.
Ангелов истакна дека во моментов државата има три ер трактори и тројца пилоти, од кои двајца се професионално вработени. Во моментов се работи и на првана документација за ангажирање на уште двајца пилоти. Неговиот план е државата да набави три ер трактори, кои најмалку еден двосед.
Викторија Димитрова Јованова
