Вести Свет

Европската комисија признава дека ЕЕС предизвикува проблеми, но инсистира дека придобивките од него се далеку поголеми

Европската комисија по неколку месечно инсистирање дека новиот дигитален систем за регистрација на влез и излез од ЕУ, озлогласениот ЕЕС предизвикува проблеми на аеродромите и граничните премини ширум земјите членки на унијата. Вчера претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен, по церемонијата за преземањето на претседателството од страна на Ирска, призна дека системот се соочува со одредени технички проблеми, побивајќи го претходното тврдење на пресцентарот на комисијата дека вообичаеното задржување за регистрација не е подолго од 70 секунди.

Вон дер Лајен конечно попушти по жестоките и повеќе месечни критики од страна на авиокомпаниите и операторите на аеродромите низ земјите членки, кои обвинуваа дека системот предизвикува неколку часовни задржувања, предизвикувајќи сериозни загуби и штета за авиопревозниците и аеродромите.

Овој систем, чија имплементација беше повеќе пати одложувана, ја разгневи авиоиндустријата. Три посебни авио организации во заедничко отворено писмо ѝ порачаа на комисијата дека по воведувањето на ЕЕС времето на чекање на аеродромите во периодот на шпицот достигнува и до пет часа. Поради тоа, тие ја повикаа комисијата да воведе механизми за суспендирање на системот кога нарушувањата ќе станат пресериозни, барем во најфреквентните летни месеци, јули и август.

Овие задржувања влијаат врз милиони патници кои влегуваат во Шенген зоната. Во исто време, аеродромите и авиокомпаниите се подложени на нарушувања на нивната оперативност, вклучувајќи одложување на летови, пропуштање на летови и зголемен притисок врз персоналот на шалтерите, предупредија лоби групата Совет на меѓународни аеродроми на Европа, Асоцијацијата за меѓународен воздушен транспорт и асоцијацијата на 16-е најголеми европски авиокомпании.

Според ЕЕС, секој граѓанин на трета земја при влезот во земја членка на ЕУ мора да се регистрира со отисок од прст и фотографија, но дел од земјите веќе го модификуваа редоследот на земање податоци. Неговата цел беше, пред сѐ, да се спречи недозволено задржување во земјата домаќин, а потоа да се неутрализира употребата на фалсификувани патни исправи.

Беше предвидено регистрирањето да се забрза преку инсталирање на киосци за само-регистрирање и преку телефонска апликација, но кога системот стапи во сила на 1 април службениците на аеродромите и граничните премини рачно ги внесуваа податоците, додека пак од тогаш до сега само Шведска и Португалија ја интегрираа употребата на мобилната апликација.

ЕЕС не беше воведен за да ја измени законската рамка околу правилата за влез и излез од ЕУ, инсистираше вон дер Лајен, додавајќи дека придобивките во смисла на гарантирање на безбедноста на граѓаните на земјите членки се далеку поголеми од одредената неудобност која системот ја предизвикува на аеродромите.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе