Денеска во Бугарија се очекува Бугарскиот Парламент да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата „Прогресивна Бугарија“.
Во текот на вчерашниот ден Претседателката Илијана Јотова му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев, како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 министерства, при што три ресори – за економија, за иновации и за електронско управување, се планира да се преструктурираат во две министерства.
Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 министерства, при што три ресори – за економија, за иновации и за електронско управување, се планира да се преструктурираат во две министерства.
– Ова не е само оптимизација и реално кратење на администрацијата, туку пред сè го правиме за да ја подобриме работата на владата, да обезбедиме подобри услови за инвестициите и бизнисот, како и да ја забрзаме дигитализацијата – изјави Радев.
За македонската јавност интерсено е името на Велислава Петрова-Чамова која ќе биде министер за надворешни работи. Петрова-Чамова инаку е поранешен заменик-министер на Теодора Генчовска, која ја предводеше бугарската дипломатија во владата на Кирил Петков, но и на Николај Милков во владата на Галуб Донев при што таа беше одговорна за бугарската политика кон Македонија, апликацијата на Бугарија за Шенген и претстојните фази од пристапувањето кон ОЕЦД. Петрова-Чамова во претходните влади беше номинирана како од партијата на Слави Трифунов, „Има таков народ“. Таа инаку е дипломиран микробиолог. Се очекува бугарското собрание утре да ја изгласа владата на Радев.
