На одбележувањето на денот на МВР, им беше оддадена почит на припадниците на МВР кои загинале извршувајќи ја својата должност, а беа доделени признание и награди за најдобрите полициски службеници во 8-те Сектори за внатрешни работи и 4-те Регионални центри за гранични работи.

Во обраќањата, првите луѓе на МВР и на Бирото за јавна безбедност истакнаа дека полицијата има клучна улога во безбедноста на граѓаните и за таа цел службите постојано се модернизираат.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека по воведувањето на „Сејф сити“ се намалил бројот на сообраќајни несреќи во главниот град. Во април нема ниту една жртва, споредено со април лани кога осум лица загинале во сообраќајќи.
