Вести Најважни Свет

Масовен протест во Тирана, стотици илјади демонстранти маршираа низ албанската престолнина

Во Тирана синоќа беше одржан најмасовниот протест во историјата на земјата, со учество на неколку стотици илјади учесници, меѓу нив и голем број Албанци од дијаспората, кои пристигнаа во метрополата од неколку европски земји, но и Албанци од соседните земји, објавија медиумите.

Протестот почна во 19 часот, од плоштадот „Скендер бег“, до плоштадот „Народни херои“ и пред владата каде се обратија повеќе говорници  повторувајќи ги веќе познатите барања за оставка на премиерот Еди Рама и формирање „непартиска влада со едногодишен мандат“. Потоа продолжија со марш низ градот.

На синоќешниот протест најголемо внимание привлече симболиката избрана за роденденот на премиерот, кој вчера го славеше 62 роденден. Демонстрантите првично донесоа бетонска торта со натпис „уште 100 години затвор“, украсена со фламинга, кои станаа симбол на протестите, првично започнати против изградбата на луксузно одморалиште во Зврнец.

Демонстрантите вееја албански и американски знамиња, извикуваа „Нова Албанија“, „Рама оди си“, „Рама во затвор“, „Бериша во затвор“. Траеше шест часа, а заврши пред Полицискиот комесаријат број 3 каде во притвор се 21 лице, приведени по насилниот протест во четвртокот пред албанскиот Парламент. Тука тие бараа нивно ослободување, фрлаа тврди предмети врз објектот кршејќи прозорци, поради што полицијата употреби водени топови.

Демонстрантите најавија протест денеска пред судот во Тирана каде треба да им се изрече безбедносна мерка на приведените.

Организаторот Едисон Лика  порача дека протест ќе има и вечерва и секој ден  со се поголема масовност продолжуваат до заминување на Рама.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе