Вести Македонија Топ вести

ВМРО ДПМНЕ: Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДС затоа го блокираат Изборниот законик 

ВМРО ДПМНЕ денеска ја обвинија опозицијата дека го блокира Изборниот законик зашто нема поддршка од дијапсората.  Во партиското соопштение тие на претседателот на СДСМ му се обраќаат со неговото име а го користат презимето на поранешниот лидер на СДСМ.

„Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата.

Токму нивното катастрофално владеење, неспособноста, криминалот, корупцијата и понижувањата што и ги нанесоа на државата ги натераа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија. Луѓето заминаа затоа што ја изгубија надежта дека СДС може да обезбеди достоинствен живот“, пишува во партиското соопштние.

Според ВМРО ДПМНЕ, „ доказ дека СДС се плаши од избори е последната анкета каде ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од СДС, додека довербата во опозицијата паѓа под 100 илјади гласови. Со доверба од само 6 проценти, граѓаните испраќаат јасна порака дека политиките на СДС не добиваат поддршка“, велат од владеачката партија.

„На СДС му се неопходни суштински реформи и целосно нов пристап. Додека СДС останува на чело со луѓе кои се поврзуваат со криминал и корупција, како Венко Заев, довербата кај граѓаните во СДС ќе продолжи да опаѓа“, пишува во партиското соопштение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски во Катар се сретна со катарскиот претседател на Владата и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани

Дејан Дејан

СДСМ: Ивановски и „реформаторите“ ја доведоа партијата до изборен пораз, сега се јавуваат како спасители

Дејан Дејан

Украл „опел“, удрил во бетонски ѕид и побегнал – приведен е 15 годишник од Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе