Вести Македонија

СДСМ: Ивановски и „реформаторите“ ја доведоа партијата до изборен пораз, сега се јавуваат како спасители

СДСМ преку соопштение упати остри критики кон Игор Ивановски и членовите на таканаречената „Платформа за иднината“, оценувајќи дека станува збор за луѓе кои биле дел од поранешното партиско раководство и, според партијата, имаат одговорност за изборниот пораз на парламентарните избори во 2024 година.

„Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров.

Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица во 2024 година.

Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и кои ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како спасители на СДСМ и бараат реформи – но не од внатре, туку преку притисок однадвор, со вклучување на членови од други партии“, пишува во партиското соопштение.

За партијата е особено апсурно што во оваа „платформа“ се појавува и Славјанка Петровска – која во 2024 година беше носител на листа и министерка во владата на СДСМ.

Од СДСМ исто така прашуваат зошто Ивановски не направи своја реформска програма  во 2024 год. кога во партијата имаше внатрепартиски избори и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18.000 гласови? Прашуваат и зошто, ако сакаат вистински да помогнат на СДСМ, не  ги прифатеа повиците и понудите од претседателот Филипче да се приклучат и да работат за јакнење на органите на партијата.

„Сега кога партијата е консолидирана, кога го врати угледот и довербата кај граѓаните, кога рејтингот расте, токму оние што, според нас, ја доведоа партијата до изборен пораз на претходните избори, денес бараат „реформи“?! “пишува во соопштението на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украл „опел“, удрил во бетонски ѕид и побегнал – приведен е 15 годишник од Велес

Дејан Дејан

Уапсен скопјанец кој украде електричен тротинет

Дејан Дејан

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе