Вести Македонија Топ вести

ДУП-от „Барутана“ повторно ја отвори дебатата за урбанизацијата на Водно

Што може, а што не смее да се дозволи да се гради на падините на Водно? Дел од советниците предупредуваат дека се проектира масовна урбанизација. Тоа, пак, отвора ново потенцијално ерозивно подрачје над Скопје и повторно ја отвора дебатата за урбанизацијата на Водно. Затоа од Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ апелираат дека Нацрт-деталниот урбанистички план за Барутана, кој е на дневен ред на Советот на Општина Центар, носи ризик од пропаѓање на земјиштето на падините на Водно.

Во самата планска програма е посочено дека ерозијата е еден од ризиците што треба да бидат обработени низ планот. Планот тоа воопшто не го прави; напротив, додава само градби што го постигнуваат спротивниот ефект. Исто така, во планот за енергија и клима е посочена опасноста од шумски пожари, вели Јане Димески.

Дел од површините што претходно биле наменети за државни институции сега се предвидени за домување.

На дневен ред на оваа седница е ставен Нацрт-ДУП-от за Барутана, за кој сметаме дека во формата во која е предложен не треба да се изгласа, туку да се врати на доработка, бидејќи обемот на градење што се предвидува за приватно домување ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план, што, според Законот за урбанистичко планирање, е незаконски, додава Димески

Од „Шанса за Центар“ додаваат дека иницијативата за изработка на планот е поднесена од приватна компанија.

Телма побара став и од Општина Центар, од каде што потврдија дека Нацрт-деталниот урбанистички план ќе биде ставен во процедура во текот на следната недела. Планот ќе биде ставен на увид и на советниците, кои ќе можат да дадат забелешки, а според процедурите, во иднина за ДУП-от ќе следува и јавна презентација пред граѓаните.

Софија Бислимоски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетничкоо насилство во подем, експертите порачуваат институциите да преземат акција за да не стане предоцна

Дејан Дејан

Претежно стабилно, сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 6.7.2026

meteo

Пелагониските сточари со петарди го бранат добитокот од мечки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе