Тројца пациенти се евакуирани од крузер кај Капо Верде поради епидемија на хантавирус, откако беше потврден нов случај во Швајцарија.Крузерот, кој е заглавен кај брегот на Капо Верде со речиси 150 луѓе на бродот, чека да се упати кон Канарските Острови во Шпанија.
Здравствените власти во Јужна Африка и Швајцарија идентификуваа сој на вирусот што може да се пренесе во ретки случаи од човек на човек.
Досега тројца патници починаа, а неколку други се заразени од хантавирус на крузерот кој плови под холандско знаме. Хантавирусот обично се шири со вдишување на контаминиран измет од глодари.

Бродот ја напушти Аргентина на 1 април на крстарење по Атлантикот и требаше да вклучи застанувања на Антарктикот, Фолкландските Острови и други локации. Сепак, се чини дека маршрутата се променила поради ситуацијата на бродот.
Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека тројца пациенти со сомнителни случаи на хантавирус се евакуирани од бродот и се на пат кон Холандија.
Тој рече дека здравствената агенција на ОН соработува со операторите на крузерот за внимателно следење на здравјето на патниците и екипажот.
„Во оваа фаза, вкупниот ризик по јавното здравје останува низок“, напиша тој на својот X профил.
Меѓу пациентите е и лекарот на бродот, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Властите во Швајцарија, исто така, денеска објавија дека маж кој се вратил од патување во Јужна Америка и патувал на крузерот е позитивен на тестот за вирусот и прима третман.

Шпанското Министерство за здравство во соопштение доцна синоќа соопшти дека ќе го прими бродот MV Hondius на Канарските Острови по барање од Светската здравствена организација и Европскиот центар за превенција и контрола на болести. И покрај одредено противење од лидерите во регионот, владата инсистираше дека на крајот да се донесе одлуката.
Засега, луксузниот крузер останува заглавен покрај брегот на Капо Верде, островска нација покрај Западна Африка во Атлантикот. Светската здравствена организација соопшти дека патниците се во изолација во своите кабини.
Тројца загинати од хантавирус – започна евакуацијата од холадскиот крузер по сомнежот за епидемија
Јужноафриканските здравствени власти соопштија дека го идентификувале сојот на Андите на хантавирус кај двајца патници кои биле на бродот, а швајцарските власти изјавија дека го идентификувале истиот вирус кај нивниот заболен пациент.
Светската здравствена организација вели дека вирусот на Андите, специфичен вид на хантавирус, се наоѓа во Јужна Америка, првенствено во Аргентина и Чиле.
Вирусот на Андите може да се шири меѓу луѓето, иако ова е ретко и ширењето на болеста обично е ограничено бидејќи се шири само преку близок контакт, како што е споделување кревет или споделување храна, велат експертите.

Јужноафриканскиот оддел за здравство соопшти дека неговите резултати се добиени од тестови извршени врз патниците откако биле извадени од бродот и однесени со авион во Јужна Африка.
Еден од патниците, Британец, е на интензивна нега во болница во Јужна Африка. Тестовите се извршени врз другата патничка по смртта откако таа почина во Јужна Африка.
Здравствените власти на Капо Верде доцна во вчера објавија дека медицинската евакуација на болните патници на крузер кој се наоѓал покрај брегот на западноафриканскиот архипелаг ќе се случи во наредните часови.
На бродот не му е дозволено да се закотви од неделата.
Според директорката на здравствената служба на Капо Верде, Анџела Гомес, се очекува бродот да ја продолжи својата рута откако ќе заврши операцијата.
Се очекува две воздушни амбулантни возила да ги превезат засегнатите патници, додаде таа, без да прецизира каде ќе се упатат.
- „Медицинската евакуација на тројцата пациенти треба да се изврши во наредните часови преку два лета на амбулантни авиони, во согласност со надлежните национални и меѓународни власти. Еден од амбулантните авиони е веќе во Капо Верде, очекуваме наскоро да пристигне и вториот. Во земјата ќе пристигне и лекар специјалист за да им помогне на патниците на бродот. По завршувањето на процесот на евакуација, крузерот треба безбедно да го продолжи своето патување. Операцијата се подготвува со максимална безбедност и институционална координација, со вклучување на сите надлежни органи, за да може да се изврши откако ќе се создадат сите потребни услови. Ситуацијата е под контрола. До овој момент нема ризик за луѓето на островот, а санитарниот ризик за земјата останува низок,“ објасни Анџела Гомес, национален директор за здравство на Капо Верде.
Вкупно тројца патници починаа, еден е на интензивна нега во болница во Јужна Африка, а уште три лица кои сè уште се на крузерот покажале симптоми и чекале евакуација.
Близу 150 патници и членови на екипажот од 23 земји биле на бродот, кој чека покрај брегот на Западна Африка.
Јужноафриканските здравствени власти го идентификувале сојот на Андите на хантавирус, кој може да се пренесе од човек на човек, кај двајца патници кои биле на крузерот, соопштија официјални лица во среда.
Б.С. Фото: АП
СЗО предупредува: Можно е пренесување на хантавирусот од човек на човек на крузерот
