Вести Свет Топ вести

СЗО предупредува: Можно е пренесување на хантавирусот од човек на човек на крузерот

Светската здравствена организација верува дека се случило пренесување на хантавирус од човек на човек на крузерот во Атлантикот, изјави епидемиолог на СЗО, Марија Ван Керхове, на прес-конференција во Женева.

Тројца патници на крузерот „Хондиус“ – кој моментално е закотвен кај Зелено’ртските Острови со околу 150 патници и членови на екипажот – починаа во сомнителна епидемија. Жртвите се постара двојка од Холандија и еден државјанин на Германија. СЗО моментално се сомнева на вкупно седум заразени со вирусот, додека лабораториските тестови се во тек.

Претходно, СЗО на Х објави дека „инфекциите со хантавирус обично се поврзани со изложеност на животната средина (изложеност на урина или измет од заразени глодари)“.

Но, Ван Керхове рече дека пренесувањето меѓу луѓето е можно со варијантата „Андес“ (Andes), на која се сомневаат во овие случаи.

СЗО верува дека синџирот на инфекција почнал со холандската двојка која можеби била заразена пред да се качи на бродот. Ван Керхове истакна дека многу патници на бродот оделе на излети за набљудување диви животни и слични активности.

Таа сугерираше дека понатамошната инфекција можела да се случи во затворените простории на „Хондиус“, но не го исклучи ниту заразувањето од глодари на островите посетени за време на крстарењето.

Холандија ги предводи напорите за евакуација на преостанатите патници и екипажот, бидејќи крузерот плови под холандско знаме.

Според тур-операторот, на двајца членови на екипажот им е потребна итна медицинска помош. Освен веќе пријавените случаи, нема нови сомнителни случаи.

Хантавирусот може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања кај луѓето. Пренесувањето од човек на човек е ретко, според СЗО.

Луѓето обично се инфицираат со вдишување прашина, на пример при чистење на правливи простории, или преку каснувања. Појава на вакво жариште на брод е невообичаено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе