Глобалните финансиски пазари бележат раст откако се зголеми оптимизмот за намалување на тензиите на Блискиот Исток. Потегот на Бенјамин Нетанјаху да прифати директни преговори со Либан ги поттикна надежите за поширок договор за прекин на огнот.
Позитивниот сигнал се одрази и на САД, каде трите главни берзански индекси на Волстрит завршија во пораст. Инвеститорите реагираа охрабрувачки на дипломатскиот напредок во регион кој има клучно значење за глобалното снабдување со енергија.
Во Тајван, берзанскиот индекс отвори со раст од над 400 поени, предводен од технолошките и полупроводничките компании. Сличен тренд се забележа и во Јапонија, каде индексот „Nikkei 225“ порасна за повеќе од 1% во раното тргување.
Раст е регистриран и во Јужна Кореја, каде индексот „KOSPI“ се зголеми за над 2%.
Аналитичарите оценуваат дека позитивното расположение кај инвеститорите е директно поврзано со очекувањата за стабилизација на геополитичката состојба.
