Вести Економија Македонија

Лукаревска: Потребни се итни антикризни мерки и политички консензус за ценовниот шок

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во вечерашната „Топ Тема“ истакна дека опозицијата навремено предложила сет антикризни мерки за справување со растот на цените на горивата и инфлациските притисоци, нагласувајќи дека тие треба итно да се разгледаат во Собранието.

„Ние уште пред неколку недели предложивме антикризни мерки кои се на дневен ред во среда во Собранието, кои вклучуваат намалување на ДДВ на моторните бензини и дизелските горива“, изјави Лукаревска.

Таа посочи дека слични мерки веќе се применуваат или се подготвуваат и во европските земји, како одговор на енергетската криза и растот на цените.

„Имавме мерка за намалување на акцизата за четири денари, тие мерки беа критикувани, а сега гледаме дека истите се темел со кој ќе се бориме за справување со оваа криза“, додаде таа.

Лукаревска порача дека растот на цените ќе има директно влијание врз бизнис секторот и граѓаните, и дека за вакви прашања е неопходен политички дијалог и консензус меѓу сите партии.

Т.Д.

Станковиќ: Владата ја контролира кризата, горивата и натаму меѓу најевтините во регионот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе