Вести Економија Најважни

Нов минималец, но и нови цени – усогласувањето од 1.600 денари излезе во Службен весник

Законското усогласување на минималната плата од 1.600 денари излезе во Службен весник. Со ова мартовските примања на оние кои добиваат минималец ќе изнесуваат 26.046 денари. Според, последните податоци за синдикалната минимална кошничка која секој месец ја објавува ССМ една минимална плата оди само за храна и пијалаци.

ССМ  пооследно на состанокот на еконосмко социјалниот совет ја напушти седницата и не даде согласност за ова усогласување, поради што е донeсено без потребното претходно мислење од ЕСС, заради немање на кворум.

ССМ пак извеsен период бара минамалната плата да биде 600 евра, а за 100 евра да пораснат и останатите плати.  Поради неуспешни преговори излегоа и на протести, а во моментов се  прават консултациите со синдикатите и работниците за организирање и на генерален штрајк.

Според, нивните последни пресметки на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му се потрбени над 67 илјади денари за покривање на основните трошоци.

Во меѓувреме некои производи добија повисоки цени како јајцата и зејтинот. Но, скокнаа и на доматите и пиперките. Новите суми ќе влезат во пресметката за кошничката за април по што ќе се види колку ќе биде разликата од сегашната, но и колку покачувањето на минималецот ќе помогне да се покрие поскапувањето.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе