Вести Економија Најважни Свет

Директорот на ИЕА повика на итно отворање на Ормутскиот Теснец

Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, денеска изјави дека глобалната енергетска ситуација предизвикана од конфликтот на блискиот исток е „многу сериозна“.

Тој смета дека „длабочината на проблемот не била добро проценета од страна на носителите на одлуки низ целиот свет“.

-Дозволете ми да ви објаснам колку е предизвикувачка ситуацијата. Многумина од нас се сеќаваат на двете последователни нафтени кризи во 1970-тите, 1973 и 1979 година. И во тоа време, во секоја од кризите, светот изгуби околу 5 милиони барели дневно, обете заедно по 10 милиони барели дневно. И после тоа, сите знаеме дека имаше големи економски проблеми низ целиот свет, рецесии. А денес, само од денес, изгубивме 11 милиони барели дневно. Значи, повеќе од два големи нафтени шокови заедно. Плус, по руската инвазија на Украина, пазарите на гас, особено во Европа, изгубија околу 75 милијарди кубни метри, 75 милијарди кубни метри. И од сега, како резултат на оваа криза, изгубивме околу 140 милијарди кубни метри, речиси двапати. Значи, ситуацијата е, ако сакаме да ја  ставиме во контекст, оваа криза, каква што е сега, две нафтени кризи и една гасна криза заедно. И, ако можам, не само нафтата и гасот, туку и некои од виталните артерии на глобалната економија, како што се петрохемиските, како што се ѓубривата, како што е сулфурот, како што е хелиумот. Нивната трговија е прекината, што би имало сериозни последици за глобалната економија, порача Бирол.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе