Вести Економија Македонија Најважни

Ќе се намали ДДВ за бензините од 18 на 10 проценти, соопшти премиерот Мицкоски по одлуката на владата

Владата донесе одлука за намалување на данокот на додадена вредност за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните по поскапувањето на нафтата на светските берзи предизвикано од војната на блискиот Исток.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата презема конкретни мерки за ублажување на најавеното поскапување на горивата, по анализите кои укажуваат на значителен раст на цените. Мерките треба да го спречат синџирот на поскапување, но дополнително ќе се врши проверка во трговијата за да се избегне несовесно и непотребно покачување на цени за екстра профит.

Врз основа на движењата на светските берзи, било пресметано дека бензините од 95 и 98 октани може да поскапат за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би можел да достигне зголемување од 10,5 денари по литар.

-Очекуваме цената на бензините од 86,5 и 88,5 денари да се зголеми на 93 и 95 денари, а дизелот од 92 на 102,5 денари по литар, посочи Мицкоски и рече дека со намалувањето на ДДВ-то за деривати ќе биде избегнато толкаво поскапување.

Тој нагласи дека со овие мерки граѓаните би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно, имајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво во земјата.

Мицкоски рече дека Македонија има пониски цени на горива поради што од соседните држави доаѓале купувачи за да наточат во резервоари. Според премиерот, најголем притисок имало врз бензинските пумпи во Струга, Дебар и Охрид (на западната граница), во Куманово (на северната граница) и во Битола и Гевгелија (на јужната граница).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе