Променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планинините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6°C, а максимумот од 7 до 14°C.
Информација од ова утро 17.3.2026
Минимална температура (во °C)
-3 Берово, -1 Попова Шапка, 0 Mаврови Анови, 1 Крива Паланка, Струмица, Kрушево, Лазарополе, 2 Битола, 3 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Претор, Штип, Куманово, Кавадарци, 4 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Охрид, Демир Капија, Виница, Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
50 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
