Од Организацијата на потрошувачи велат дека контролите на терен ќе покажат дали договорот средба меѓу премиерот Мицкоски и трговците ќе се почитува и во пракса, одноно дали ќе го исполнат ветувањето дека нема да има покачување на цените во маркетите. Од организацијата посочуваат доколку се случи спротивното, дражавата ќе треба веднаш да интервенира.
– Верувам дека инспекциските служби сега повторно ќе се активираат на ова поле, односно ќе има контроли во маркетите да се види дали навистина остануваат цените и ако навистина дојде до покачување на цените и мерките не се преземени додека не се покачени, тогаш да се оди наназад односно да важат цените од пред месец дена, а не во моментот кога се веќе покачени – вели за Сител Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачи,
