ССМ го засилува притисокот врз Владата и работодавачите во обид да се избори за поголемо зголемување на минималецот од законски предвидените 1.600 денари.
Денес од седиштето на ССМ, претседателот Трендафилов ги повика сите граѓани да им се придружат на протестот кој ќе се одржи во сабота и заедно да се изборат за повисоки примања и достоинствени услови за работа и живот.
Според Трендафилов, официјалните статистички податоци покажуваат дека барањата на ССМ се оправдани и издржани. Продуктивноста на работниците во државата е далеку повисока од примањата а според податоците на УЈП 160 илјади работници имаат плата под паргот на сиромаштијата.
Од ССМ повторно ги оспорија сите одлуки и заклучоци донесени на последниот состанок на ЕСС бидејќи биле донесени без кворум и без согласност од двата репрезентативни синдикати како што налагале процедурите.
Од ССМ очекуваат до крајот на месецот да се одржи уште еден состанок на ЕСС на кој ќе се дискутира за зголемување на минималната плата а не за законско усогласување.
Огнен Чанчаревиќ
Б.С.
