Измамнички практики користеле и финансиските друштва, соопшти министeрството за финансии кое извршило надзор врз нивното работење. Констатирани се прекршоци на законот за заштита на потрошувачите, како рекламирање без камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци. Потоа рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга. Финансиско друштво користело повеќе веб страници, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво.
Од финансии соопштија дека кај друштвата кај кои се констатирани прекршоци е наложено да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории коишто би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда.
