Вести Економија Најважни

Дизелот поскапува за 14,5, бензините за 5 денари – ќе се прогласи ли кризна состојба?

Дизелот поскапува за над 14 денари, бензините за 5 денари. Ќе прогласи ли државата кризна состојба за да го ублажи ценовниот удар? – Новите цени важат од утре. Ваквите одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги наполни бензиските. Состојбата е слична и во регионот.

Поскапувањето беше очекувано, затоа што цената на нафтата на берзите надмина 100 долари за барал за само неколку дена. Сега е на ред Владата, дали и какви чекори ќе преземе. Во соседството веќе се направија првите потези. Србија донесе одлука да го ограничи извозот на нафта и деривати во наредните 10 дена.

Кај нас ќе се чека редовната владина седница утре, кога ќе се одлучува што понатаму. Прашавме во министерството за енергетика дали поради состојбата на Блискиот исток, која влијае насекаде, на утрешната седница ќе бараат прогласување на кризна состојба, но одговор од таму нема, повеќе инфорамциии најавија за утре.

Деновиве, пак, и премиерот и надлежните министри постојано зборуваат дека состојбата се следи и ако треба ќе се интервенира. Дел од мерките се веќе познати, а тоа е да се намалат ДДВ-то и акцизата за увоз на енергенси. Но, за да се случи тоа, според правилниците, треба да се прогласи кризна состојба.

Количините во државните резерви се нешто за над 60 дена. Најдобро е да се за 90, но надлежните уверуваат дека се стабилни.

И деновиве поголема раздвиженост имаше на бензинските. На некој места или не се точеше одреден дериват или количините беа ограничени, што го отвори прашањето дали е стабилен пазарот. Премиерот Мицксоки, пак, кажа дека тоа се случува затоа што во пограничните градови на пумпите точат гориво и од соседните држави каде е значително поскап.

Освен кај нафтата сериозно е зголемена и цената на гасот. Па, така таа е највисока во последните три години.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе