Шведската централна банка им препорача на возрасните граѓани во земјата да чуваат доволен кеш дома за купување на храна, лекови и останати потреби за недела дена. Целта, како што пренесува Блумберг, е да се осигура функционирање на општеството во случај на војна или други кризи.
Во своите првични насоки, Риксбанк наведува дека секое возрасно лице треба да има по 1.000 круни (околу 100 евра) во готовина. Покрај тоа советува и поседување на банкарски картички од различни издавачи и користење на локалните услуги за плаќање Swish.
Препораките се дел од широките напори на властите во Шведска да ги подготват општеството за можен воен или сајбер напад, особени поради засилените закани од Русија и во помала мера од Иран. Владата претходно испрати брошура до секое семејство со насоки колку питка вода треба да се складира и како да се дојде до вести во случај на немање струја.
Платниот систем во Шведска се смета за особено ранлив поради високото ниво на дигитализација. Со готовина во земјата се плаќа секоја 10-та трансакција, што го чини системот да е чувствителен на плаќање.
Слични мерки за своите граѓани издадоа и централните банки на Финска и на Норвешка, држави кои исто така граничат со Русија.
