Промоција на новоформираниот „Одбор за мир“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Иницијативата произлезе од САД, поточно нивниот претседател Доналд Трамп, и замислена е да се занимава со мировни процеси и безбедносни кризи, надвор од постоечките рамки, како организацијата на Обединетите Нации (ОН).
Првично требаше да го надгледува примирјето во Газа, но како одминуваше времето, прераснуваше во поширока идеја на Форум кој ќе се занимава со глобалните конфликти.
Трамп во говорот на церемонијата на потпишување на документот за основање на Одборот за мир најави дека новото тело ќе соработува со ОН чија ефикасниот во изминатиот период отворено ја доведуваше во прашање и сугерираше дека Мировниот одбор би можел да преземе дел од нивната улога. Иницијативата, барем засега, нема јасен меѓународно-правен мандат, а дополнителни контроверзи предизвика можноста за вклучување на Русија која веќе четири години војува во Украина. Тоа беше причина за некои од западните земји да одбијат да учествуваат во Одборот за мир.
Идејата за Одборот за мир за првпат беше јавно претставена во јануари, како дел од поширокиот план за Газа. Во ноември, Обединетите Нации го поздравија концептот на Одборот, кој во тоа време беше замислен како привремена меѓународна администрација со ограничен мандат, кој би требало да координираат финансирањето во обновата на Газа во рамки на меѓународното право.
Во меѓувремеме, проектот на Трамп се профилира како самостојна меѓународна организација со сопствена Повелба, членство и управувачка структура, што отвори дилеми дали прераснува во потенцијален пандан на постоечките механизми на ОН, пред сè на Советот за безбедност.
Клучните одредби на Повелбата укажуваат на јасна хиерархија на моќ
- Член на советот може да стане исклучиво држава што ќе ја покани претседатекот на Советот, односно Доналд Трамп
- Државите ги претставуваат претседатели или, со согласност на претседавачот, други високи претставници
- Советот нема овластувања над територијата на членките и не може да ги принуди на учество во мировни операции без нивна согласнот
- Членството се доделува на период од три години, со можност за обнова на членството по одлука на претседателот, со тоа што овој рок не се применува на држави кои во првата година ќе уплатат членарина од милијарда долари
- Секоја држава има еден глас, но ниту една одлука не може да стапи на сила без одобрение на претседателот на Советот
Гласањата се предвидени еднаш годишно, а состаноците без гласање ќе се закажуваат квартално.
Покрај претседателот Трамп, во извршниот одбор на Советот се:
- американскиот државен секретар Марко Рубио
- специјалниот пратеник за Блискиот исток, Стив Виткоф
- зетот на Трамп, Џаред Кушнер
- поранешниот британски премиер Тони Блер
- американскиот бизнизмен Марк Роуан
- претседателот на Светска банка, Аџај Банга
- заменик советник за националан безбедност на САД, Роберт Габриел
За висок претставник за Газа е именуван бугарскиот дипломат, Николај Младенов.
