Вести Свет Топ вести

Ирански проценки за протестите: Оштетени се 350 џамии – ајатолахот Хамнеи го обвини Трамп дека е виновен за жртвите

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „жртвите и штетите“ за време на протестите во Иран.

„Последните антирански немири беа поинакви, бидејќи американскиот претседател лично се вмеша во нив“, напиша Хамнеи во првата порака на платформата Икс по 12 јануари.

Последните денови во Иран нема нови протести. Властите почнаа со проценка на штетите од протестите, што почнаа на 28 декември минатата година. Според ирански податоци, оштетени се 350 џамии, 126 молитвени сали, 80 домови на имами, 400 болници и стотици возила на итна помош.

За време на протестите беше блокиран пристапот до интернет. По прекин од 200 часа забележан е мал пораст на поврзаноста со интернет.

Според организациите за човекови права, за време на протестите загинаа 2.090 луѓе, од кои 2.885 демонстанти, додека иранската државна телевизија тврди дека загинати 300 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД за првпат употребија морски дронови, Иран ги гаѓаше американските бази во Бахреин и Кувајт – Пакистан повикува на итна деескалација

Sasko Dimovski

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе