Вести Свет

„Продуктивни телефонски разговори“ Трамп се слушна со Путин, Зеленски со Стармер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е на Флорида на средба со Доналд Трамп во неговата резиденција Мар-а-Лаго.

Двајцата ќе разговараат за ажурирана верзија на мировниот план од 20 точки, посредуван од САД, кој Москва сè уште не го поддржала.

„Многу работи можат да се одлучат пред Нова Година“, вели Зеленски, додавајќи дека Русија извршила илјадници напади оваа недела.

Но, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Украина „не брза да го реши овој конфликт“.

Зеленски на социјалните мрежи напиша дека пред да започне состакот со Трамп имал „детален телефонски разговор“ со британскиот премиер Кир Стармер.

„Го информирав за подготовките за состанокот и за ситуацијата на фронтот“, напиша тој на „Икс“.

Зеленски претходно кажа рече дека тој и Трамп планираат да разговараат за безбедносните и економските договори и дека ќе покрене „територијални прашања“, бидејќи Москва и Киев остануваат жестоко во конфликт околу судбината на регионот Донбас во источна Украина.

Според објвата на „Фајненшл тајмс“ тој е подготвен да нареди повлекување на украинската војска од делови на Донбас, но само доколку истото го стори и Русија. Зеленски предлага демилитаризирана зона во Донбас.

Трамп објави на Truth Social дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин пред средбата со Зеленски подоцна денес.

„Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со претседателот Путин на Русија“, вели Трамп на платформата.

Тој додава дека средбата со Зеленски ќе се одржи во главната трпезарија на Мар-а-Лаго и дека новинарите се поканети да присуствуваат.

Зеленски бара безбедносни гаранции за крај на руската агресија – Путин нуди воени средства

Украинскиот претседател Володимир Зеленски немаше голема среќа во претходните два наврати кога се сретна со Доналд Трамп во Белата куќа. Во февруари се случи жесток судир во Овалната соба –  Зеленски доби прекор од Трамп пред светските медиуми.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, го обвини украинскиот лидер за непочитување откако Зеленски предупреди дека САД може да ги почувствуваат последиците од руската агресија во иднина.

Во август годинава беше пронајдена е заедничка основа за безбедносните гаранции. Средбата во Белата куќа следеше по самитот на Трамп во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин – кој не резултираше со договор за прекин на огнот.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе