Вести Свет

Хантер Бајден во подкаст во САД: Украина е дувло на корупција

Хантер Бајден, син на поранешниот американски претседател Џо Бајден, во интервју со американскиот подкастер Шон Рајан остро го критикуваше нивото на корупција во Украина, нарекувајќи ја „дувло“ и призна дека неговиот ангажман во украинската енергетска компанија Бурисма Холдингс (Burisma Holdings) бил грешка.

Во повеќечасовниот разговор, што го пренесоа медиумите врз основа на снимка од емисијата „Шоуто на Шон Рајан“, Хантер Бајден рече дека во моментот на прифаќање на работата во Бурисма Холдингс бил „многу наивен“ во оценување на политичкото и економското опркужување на Украина.

„Нивото на корупција е нешто што сè уште ме зачудува“, рече Бајден.

Истовремено ја критикуваше и американската политика, вклучително и постапките на неговото семејство, укажувајќи на неуспехот при американското повлекување од Авганистан во 2021 година и изнесе остри ставови за имиграционата политика на САД.

Хантер Бајденво минатото беше предмет во бројни истраги и правни спорови, меѓу кои и оние поврзани со даноци и незаконско поседување на оружје од кои дел му беа простени во декретите кои ги потпиша неговиот татко додека беше на функција во Белата куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе