Вести Свет

Министерството за правда на САД открило над 1 000 000 нови документи за случајот со педофилот Епстин

Американското министерство за правда открило повеќе од 1 000 000 нови документи кои потенцијално се поврзани со случајот на педофилот Џефри Епстин, кои планираат да ги објават во наредните денови и недели, потврдија официјални извори.

Јавниот обвинител за јужниот регион во Њу Јорк и ФБИ го информирале Министерството за правда за ова откритие и ги предале документите на адвокатите кои треба да ги прегледаат.

„Имаме адвокати и правни тимови кои работат 24/7 да ги прегледаат документите и да ги спроведат правно задолжителните интервенции за да ги заштитат жртвите и ќе ги објавиме овие документи што е можно поскоро“, соопшти министерството за правда на социјалните медиуми.

Според ова американско министерство, земајќи го предвид обемот на материјалите, целиот процес би можел да трае уште неколку недели.

Истовремено, се потврдува дека министерството за правда ќе продолжи „во целост да ги почитува федералните закони и насоките на Претседателот Трамп за објавување на овие документи“.

Во информацијата сепак не се соопштува на кој начин федералното биро за истраги (ФБИ) и обвинителите од Њу Јорк дошле до овие дополнителни материјали.

Оваа шокантна информација за бројот на објавените документи доаѓа откако министерството за правда објави илјадници документи минатата недела, дел од нив со големи интервенции во нив, поврзани со истрагата за педофилскиот скандал со Епстин.

Во голем број од објавените документи, имињата на лицата кои се споменуваат во нив и другите информации беа редактирани, вклучувајќи ги и имињата на луѓе кои ФБИ ги наведува како можни ко-конспиратори во случајот на Епстин.

Заради ваквиот пристап, американското министерство за правда се соочи со критики од законодавците од двете партии, заради бројот на редактирани текстови, кои според законите може да се прави единствено во случај на потреба од заштита на идентитетот на жртвите и во активни криминални истраги.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе