Вести Свет

Лула ѝ се закани на ЕУ со повлекување од договорот со Меркосур

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва се закани дека неговата земја ќе се повлече од планираниот договор за слободна трговија со Европската Унија доколку европските лидери не го одобрат договорот оваа недела.

Преговорите за трговскиот договор меѓу ЕУ и Меркосур, во кој членуваат Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај, траат од 1999 година, а Брисел се надева дека лидерите на ЕУ ќе дадат конечна согласност на маргините на самитот што ќе се одржи подоцна оваа недела.

Сепак, дел од земјите членки и натаму се против, меѓу кои и Франција, која инсистира на дополнителни подобрувања на договорот.

Лула изјави дека доколку лидерите на ЕУ не го финализираат договорот пред неговото официјално потпишување, закажано за сабота во Бразил, земјата повеќе нема да го поддржува.

Веќе ги предупредив: ако не го направиме тоа сега, Бразил нема да склучува нови договори додека јас сум претседател, изјави Лула.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе