Вести Македонија

Tрошановски: Секоја партија која ја носи одговорноста на упропастените капацитети сака да замајува со теми кои се важни, но далеку подеднакви како Реформската агенда

Во вечерашната Топ Тема дебатираат  Благица Петрески, извршен директор на Фајнанс Тинк и Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија Социетас Цивилис.

„За жал најмногу потфрли оној дел што се однесува на владеење на правото. Еве денеска имаме таква добра вест, дека во прво читање помина законот за судски совет којшто е усогласен со Венецијанската комисија и доби позитивна оценка од ЕК, и мислам дека до крајот на годината би требало тој да биде усвоен. Се најавуваат и промени за Кривичниот законик и можеби е најголемиот проблем. Уште е нејасно дали ќе се менува членот 353 или други делови“ вели Трошановски.

Тој истакнува дека во сите области од Реформската агенда треба да се менуваат работи се со цел да имаме подобро општество и пофункционален систем.

„Со години се партизира јавната администрација која треба да ги имплементира овие закони, и има застој на многу нивоа. И нормално е секоја партија која ја сноси одговорноста за упропастените капацитети на државниот апарат да спроведува реформи и сака да замајува со теми кои се важни, но далеку од тоа дека се подеднакво важни како што е реформската агенда или оние скриени извештаи коишто Владата ги има кои што ги добивме од Европската Унија и што се домашна работа којашто можеме повторно да ја работиме без разлика на уставните измени и Бугарите“, изјави Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија Социетас Цивилис.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе