Сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.
Минимална температура (во °C)
-6 Скопје – Петровец, Битола, Берово, -5 Струмица, Демир Капија, -4 Штип, Велес, Куманово, Тетово, -3 Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, -2 Крива Паланка, -1 Охрид, Mаврови Анови, Претор, 0 Виница, 3 Попова Шапка, Kрушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
