Вести Свет

ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та, хибридите и моторите со внатрешно согорување остануваат

Европската комисија денеска, во пакетот мерки претставен во Стразбур, најави дека ќе ја ублажи својата забрана за продажба на нови бензински или дизел автомобили до 2035 година, како резултат на големиот притисок од автомобилската индустрија и лидерите на неколку земји-членки на ЕУ, меѓу кои се Германија и Италија.

Според важечкото законодавство во ЕУ, производителите беа обврзани да обезбедат 100 отсто од производството на автомобили и комбиња да има нулта емисија на штетни гасови до 2035 година.

Европската комисија денеска потврди дека тоа сега ќе се намали на 90 отсто, што ќе овозможи продолжување на производството на дел од хибридните електрични автомобили, па дури и на мотори со внатрешно согорување, и по 2035 година, пренесува „Гардијан“.

Преостанатите десет отсто од производството што не е јаглеродно неутрално, производителите на автомобили ќе треба да го надоместат со други „зелени“ мерки во фабриките, вклучувајќи употреба на „зелен челик“ произведен во Европа или употреба на биогорива во не-електричните возила.

Ова ќе овозможи плаг-ин хибридите (PHEV), возилата со продолжен домет, благите хибриди и возилата со мотори со внатрешно согорување и понатаму да играат улога и по 2035 година, покрај целосно електричните возила (ЕВ) и возилата на водород, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Комисијата, исто така, ги ублажи целите за електричните комбиња, намалувајќи ги барањата за намалување на емисиите на јаглерод од 50 отсто на 40 отсто до 2030 година.

Европската комисија најави и нови стимулации за производителите да произведуваат мали автомобили, најпопуларната категорија возила во Европа. На производителите на автомобили ќе им бидат понудени „супер кредити“ до 2035 година како поттик за производство на мали, достапни електрични автомобили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе