Вести Македонија

Цајтнот за избор на Народен правобранител – кој ќе потпишува за плати на вработените по Нова Година

Наместо брз избор, Македонија повеќе од 4 месеци нема народен правобранител, кој ја раководи независната институција за заштита на правата на граѓаните. Откако претходниот, Насер Зибери, на 12-ти јули замина во пензија, владеачката коалиција на комисија за избори и именувања го предложи општинскиот советник во Тетово од партијата Алтернатива, Фатон Селами.

Но, Селами никако не дојде како точка на дневен ред на Собраниска пленарна седница, а со потпис на веќе пензионираниот омбудсман- функцијата ја извршува заменикот народен правобранител Илбер Руфати.

Правобранителот е инокосен орган односно овластувањата ги носи само избраниот, но поради тоа што немаше избран, овластувањата со потпис на пензионер се оддолжи до Нова Година.

Депонираниот потпис истекува, а од први јануари заменикот Руфати ќе нема овластувања да потпише плати. Сепак, Собранието иако сатот отчукува засега нема решение.

Имавме допис од заменикот Народен правобранител. Ги известив координаторите на пратеничките групи дека сме во временски цајтнот. Тоа го пишува и во дописот, дека ќе треба да делуваме брзо. Таа точка е ставена на Дневен ред на една од седниците која не е завршена. Ќе гледаме овие денови да се направи консензус и да го решиме случајот, рече собранискиот претседател Африм Гаши на прашање на Телма, на денешниот брифинг со новинари. 

За избор треба Бадентер, односно мнозинство на гласови на пратеници кои се од немнозинските заедници. ДУИ беше против кандидатот од Алтернатива и најавуваа дека нема гласаат никогаш за предложениот Селами.

Но, во Собранието имаше поместување во албанскиот корпус и меѓу пратениците Албанци, па сега се уште нема точна бројка за поделбата на пратеници по Бадентер бидејќи таму мнозинство имаше опозицискиот Европски фронт.

На прашањето дали Селами кој е партиски човек, а кандидат за независна институција – поради неможноста да дојде до Бадентерово мнозинство би се откажал, спикерот Гаши вели дека тоа е одлука на предложениот доколку има политички договор за откажување.

И додека траат тајните партиски преговори, вработените во Правобранител се соочуваат со проблем да нема кој да им потпише плати, а веќе останаа без додатоците за ризик кои им следуваат откако Финансии си ги прибраа парите. Дополнително не се платени ниту три последни кирии за седиштето на институцијата во центарот на Скопје.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари – заврши годишното оданочување за 2025 година

Sasko Dimovski

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе