Осум лица се повредени во несреќата која вечерва се случи во 20:05 часот, на патот Гостивар-Тетово, веднаш после клучката „Камењане“, информираа од полицијата.
Во тешката несреќа се судриле патничко возило „мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и „бмв“ со тетовски таблички. Возилата беа излетани од коловозот.
Во несреќата се повредеби осум луѓе, кои веднаш беа пренесени со возила на Итна медицинска помош во Клинички центар Тетово. Од полицијата информираат дека сообраќајот се одвивал по една коловозна лента додека трае увидот.
