Генерален штрајк на најголемиот синдикат во Италија, CGIL. Бесни заради буџетот на владата за 2026-та година, кој според синдикалните лидери е „неправеден и штетен“ за работниците, младите луѓе, пензионерите и јавните служби.
Синдикатот тврди дека буџетот на владата на Џорџа Мелони не успеал да ги адресира структурните економски предизвици како што се ниските плати, несигурните работни места, слабите јавни служби и стагнацијата на моќта на купувачите.
Организацијата на работниците недоволно ги поддржува работниците и сите граѓани кои се најзагрозени од инфлацијата и економската несигурност.
Синдикатите бараат суштинска посветеност на правата на работниците, зголемувањето на платите и посилната социјална заштита.
Иако фокусот е на буџетот, протестот е резултат и на пошироко распространетата нелагодност предизвикана од: несигурната вработеност и на работните места; малиот раст на платите во споредба со инфлацијата и недоволното финансирање на јавните служби како здравството, образованието и транспортот.
„Соочени сме со буџет кој ја води нашата држава кон воена економија, без да посвети воопшто внимание на животите на граѓаните кои мора да работат за да преживеат, без да ја земе предвид инфлацијата, која ја еродира куповната моќ. Буџетот не прави ништо за работниците од земјоделскиот сектор, за оние кои носат овошје и зеленчук на нашите маси секој ден, исто како што не прави ништо да ја запре акумулацијата на богатство во рацете на малкумина. Ова е штрајк за поддршка на 38 милиони Италијанци кои плаќаат за штедењето на владата “ – изјави Џовани Минини, генерален секретар на синдикатот CGIL.
Н.И
