Вести Култура

„ Приказната за Силјан“ номинирана за награда од Здружението на продуценти на Америка

Документарниот филм „Приказната за Силјан“,  во режија и продукција на Тамара Котевска и со директор на фотографија и продуцент Жан Дакар , доби номинација за награда од Здружението на продуценти на Америка (PGA), во категоријата Извонреден продуцент на документарни филмови. Ова признание има особена тежина затоа што Здружението наградува автори кои преземаат повеќе функции во создавањето на филмот и се изложуваат на големи и често натчовечки напори.

  • За нас ова признание е за сите денови, ноќи, жртви и години посветени на оваа приказна, велат  во заедничка изјава Тамара Котевска и Жан Дакар.

„ Приказната за Силјан “ се вброи меѓу најрелевантните документарни остварувања на годината, по освоените награди за најдобар документарен филм и за најдобра камера, што ги доби од Меѓународното здружение на документаристи. А, наградите што ги доделува Здружението на продуценти на Америка се исто така еден од индикаторите во трката за Оскар. Нивните номинирани автори и лауреати се појавуваат и во финалниот избор за највисоката филмска награда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе