Кина го погуби поранешниот генерален директор на „Чајна Хуаронг Интернешнал Холдингс“, поради примање мито во вредност од речиси 157 милиони долари. Егзекуцијата беше извршена во Тјанџин, откако Врховниот народен суд ја потврди смртната казна изречена во мај 2024 година.
Лицето било прогласено за виновно дека меѓу 2014 и 2018 година ја злоупотребил својата функција за да прибави огромни нелегални профити.
Покрај смртната казна, нему му беа одземени сите политички права и наредена беше конфискација на целиот личен имот. Неговата жалбата беше одбиена во февруари 2025 година, а пред извршувањето на казната му беше дозволена средба со семејството. Случајот е дел од долготрајната антикорупциска кампања на кинеските власти.
T.Д.
