Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа со зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 4°C, а максимумот од 9 до 16°C.
Информација од ова утро 9.12.2025
Минимална температура (во °C)
-1 Kрушево, Mаврови Анови, 0 Охрид, Куманово, 1 Претор, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 4 Прилеп, Берово, 5 Тетово, Битола, Штип, Виница, Велес, Гевгелија, 6 Кавадарци, 7 Демир Капија, Струмица.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
