Претседателот на Финска, Александар Стуб порача дека политичките и дипломатски решенија за војната во Украина ќе бидат „тешки за варење“. Тој ја предупреди јавноста дека не смее да негува илузии за „совршен мир за Киев“. Неговата изјава ја пренесе финскиот весник „Илта Саномат“.
„Ова ќе биде тешко за варење за многумина од нас, но запомнете, на Украинците ќе им биде уште потешко“, вели Стуб, нагласувајќи дека исходот од преговорите, без разлика кога ќе дојде до нив, ќе подразбира тешки компромиси и политички болни одлуки.
Тој наведе дека Финците, како и европската јавност во целина, мора да го променат начинот на размислување за крај на војната. Според него, „очекување на идеален, праведен и целосен мир за Украина е нереален во моментните околности“.
„Не треба да се надеваме на идеално сценарио. Светот не функционира така“, порача Стуб.
Ова не е прв повик на Стуб за потрезвено согледување на исходот на војната. Претходно истакна дека Европа мора да се подготвува за мир, но дека е „малку веројатно да се постигне кој би бил „фер“ како што тоа се очекува во Киев.
Трамп: Владимир Путин сака мир, таков впечаток стекнале Виткоф и Кушнер во Москва
